Печати

Воспитувачките и родителите чии деца ја посетуваат билингвалната група „Мозаик“ за грижа и воспитување на деца од различна етничка припадност од претшколска возраст, која функционира во рамки на градинката „Сонце“ во Струга, ја добија битката со институциите.

Овие групи кои беа формирани во повеќе градови во земјава со проект на владата на Швајцарија пред околу 11 години, од пред еден месец и официјално се институционализираа, а државата комплетно ги презеде обврските кон воспитувачките.

Оправданоста од постоењето на вакви воспитни установи на најдобар можен начин ја покажаа дечињата од градинката „Сонце“ на завршната приредба, што се одржа вчера. Дваесетината македончиња и албанчиња весело пееја и рецитираа песнички на двата јазика. Посебно емотивна беше разделбата на идните првоодделенци со другарчињата од градинка кои се поздравија со зборовите: „ засекогаш другарчиња“.

-Најмладите кои почнуваат да се дружат од најмала возраст продолжуваат да другаруваат и натаму во животот, истакна воспитувачката Зуал Реџепоска.

Дека другарството од детството се памети засекогаш, докажуваат првите генерации од проектот „Мозаик“ кои денес се средношколци. Тие се дружат и почитуваат, а наскоро ќе настапат во заедничка театарска претстава.

-Покажавме и докажавме дека може да се држи настава билингвално и дека овој модел е успешен и може да продолжи да се имплементира во основно образование и понатаму, рече воспитувачката Венера Јоноска.

Воспитувачките од билингвалната група „Мозаик“ при градинката „Сонце“, изразија благодарност до родителите и сите чинители кои помогнаа да опстане оваа успешна приказна. Благодарност тие искажа и кон „OhridNews“, кој го актуелизираше проблемот во струшката градинка, за кој подоцна интерес покажаа институциите.

Во билингвалната група „Мозаик“ во Струга се воспитуваат 26 дечиња од македонска и албанска националност, а над 120 се на листа на чекање, што говори за интересот кој владее за овој проект кај стружани, кои се пример како треба да се гради соживот во мултиетничка средина.

Горан Момироски
Превземено од OhridNews (линк

За Центарот за Заедничка Основа

The Centre for Common Ground (CCG as SFCG is known in Europe) has been working toward reconciliation, interethnic relations and stability in the Western Balkans since 1994, beginning with Macedonia and later expanding into Kosovo after war erupted there. Although inter-communal tensions never exploded into full civil strife as they did in Kosovo, Macedonia did balance on the verge of civil war in early 2001 and sharp divides still exists between ethnic Macedonians, Albanians, Turks and Roma. Read more ...

Следни настани

Нема следни настани

Контакт

ул. Ленинова бр.72-1/10
1000 Скопје
Република Македонија
тел: 02 3118 572
e-mail:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.