Печати

Децата од двојазичната група “ Мозаик“ која функционира во рамките на струшката градинка “Сонце“, покажаа како се споделува љубов, радост, тага, насмевка и прегратки. 

Со насолзени очи тие денеска се разделија од своите другарчиња кои на есен ќе тргнат на училиште.

“Само заедничкото живеење, дружење, почитување е иднина“ вели Лидија Коваческа( родител). 

Но, по 12 години труд, малку недостасуваше да останат без работа двете воспитувачки Венера Јанеска и Зуал Реџепоска, кои трпеливо и со многу љубов ги учат најмалите македончиња и албанчиња да живеат заедно, а не еден покрај друг. Владата донесе мерки за замрзнување на вработувањата во јавниот сектор.

“Овие дечиња ги всадуваат корените на заедничкиот соживот“ вели Венера Јанеска ( воспитувачка).
“Кога би имало вакви паралеки уште понатаму нашколо тоа би биоло уште поибаво за нашиот крај“ изјави Зуал Реџепоска ( воспитувачка).

Владата сепак одлучи да го преземе финансирањето на проект "Мозаик" во детските градинки по повлекувањето на Швајцарската агенција за соработка и развој која изминатите 10 години ја финансираше неговата имплементација.  

Росица Голабоска
Превземено од веб страницата на Алфа Телевизија (линк)